logo-mzlogo-mzlogo-mz-mobilelogo-mz
  • Почетна
  • Услуги
  • Галерија
  • За нас
  • Контакт

Галерија

  • Почетна
  • Галерија
Мали Sвезди е нов салон за деца кој располага со 6 фризерски пултови за шишање. Четири од нив се специјални детски колички и две се за тинејџери. Исто така поседуваме и специјални маникир и педикир пултови за девојчиња. Секој пулт располага со таблет со игри за сите возрасти. Вашите мали ѕвезди ќе бидат анимирани додека добиваат прекрасни фризури, маникир или педикир.
Донесете ги вашите Мали Sвезди и ние ќе се погрижиме за нивните потреби, а вие ќе ги гледате како се смеат и забавуваат. Во нашиот салон може да донесете деца на возраст од 9 месеци па нагоре, а може и возрасни. Повелете, посетете не. Нестрпливо чекаме да ве запознаеме вас и вашите Мали Ѕвезди.
Првото шишање на вашето дете е секогаш посебен и важен момент. Нашиот персонал ќе се погрижи првото шишање и секое понатамошно да биде забавно и интересно искуство за вас и вашето дете. Искуство кое ќе го паметите за секогаш. Откако вашата Мала Ѕвезда ќе биде за прв пат ишишана ќе ви подариме и специјален сертификат за успешно прво шишање.
© 2021 Мали Ѕвезди. Дизајнирано од Optimus - Solutions.

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.